Тасева по тужбата од „Еуроникел“: Не гледам причина да се чувствуваме виновни, објавивме одлука на судот

Од:

Претседателката на „Транспаренси интернешнал – Македонија“, Слаѓана Тасева вели дека нема вина во објавувањето на личните податоци на раководниот кадар на „Фени“ кои беа дел од судска одлука на Апелациониот суд. По објавата, вчера, од „Еуроникел“ кои сега под закуп стопанисуваат со „Фени“ најавија прекршочни пријави оти им ги прекршила човековите права и објавила нивни лични податоци, а компанијата веќе има тужба за клевета против Тасева поради изнесени невистини на прес – конференција.

„Ние само го објавивме решението од Апелациониот суд. Судските одлуки се јавни. Тоа ако се уште не е, треба да биде објавено на веб страната на судот, тоа им е и законска обврска. Објавувањето на тоа решение не е спротивно на закон и заради тоа ние немаме намера да влегуваме во било каква дебата со никого кој што има забелешка на тоа. Ние тоа го објавивме затоа што сметаме дека тука интересот на јавноста е многу голем и треба граѓаните на Република Македонија да знаат што се случува во постапката за завршување на стечајот во ‘Фени’. Досега кажавме дека таму има неправилности, тоа што го кажавме е потврдено во таа одлука на Апелација, понатаму ќе видиме како ќе одат работите. Тие веќе поднесоа тужба за клевета, ќе имаме судска постапка уште во текот на овој месец меѓутоа со самата одлука на Апелација веќе сите нивни аргументи се избиени. Податоците беа такви напишани, оставени во судската одлука, ние ја објавивме во целост и не гледам причина зошто би требало да се чувствуваме виновни“, рече Тасева.

Од „Еуроникел“ велат дека и овојпат Тасева изнела непотполни информации во јавноста со оглед на тоа што истиот ден кога објави судска одлука стара речиси еден месец, компанијата веќе постапила по насоките од Апелациониот суд и до Основниот суд во Велас доставила ревидиран план за реорганизација на „Фени“.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Склучен е договор за продажба на „Еуроникел индустри“, се очекува поранешните вработени да се вратат на работа

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Вработени во „Еуроникел“ ќе поднесат барање за стечај во фабриката

Синдикат на „Еуроникел”: Ќе чекаме по три плати до понеделник, ако не добиеме ќе бараме стечај

Работниците на „Еуроникел индустри” бараат побрзо да се најде инвеститор и сите да останат на работа

Синдикатот на „Еуроникел” со писмо до Комерцијална банка бара детали за иднината на фабриката