Тасева до новите антикорупционери – знаењето и интегритетот да ги ставите во функција на борба против корупцијата

Од:

Ја добивте довербата во една транспарентна и отворена постапка, во која беше спроведен и делумен ветинг за проверка на вашиот интегритет. Сега ја имате нашата поддршка вашето знаење, искуство и интегритет да ги ставите во функција на справување со големиот проблем на корупцијата. Нашата поддршка и соработка секогаш ќе ја имате на располагање, им порача претседателката на Транспаренси Интернешнел и прв претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата Слаѓана Тасева.

Транспаренси Интернешнл Македонија му честита на Собранието на Република Македонија за ефикасното спроведување на постапката за избор, која, како што се посочува во соопштението, е транспарентна и обезбедува да се натпреваруваат личности кои навистина ги исполнуваат формалните услови, кои имаат компетенција и кои манифестирале личен интегритет, а за првпат е утврдена со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси усвоен во јануари оваа година.

-Собранието на Република Македонија покажа подготвеност да го прифати предизвикот и да овозможи постапка за избор во која ќе учествиваат и претставници на институции и невладини организации, а во интервјуто да учествуваат и претставници од невладините организации и медиумите, велат од Транспаренси Интернешнл Македонија.

Ова е првпат ваков модел на избор да се применува било каде во светот и затоа, посчуваат од оваа организација, очекуваме истиот да биде прифатен како позитивен пример и добра практика.

Би можело да ве интересира

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он

Катерина Зајковска e избрана за нов член на ДКСК

А1он

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он

ДКСК постапува во неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

А1он

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев