Таравари: Ќе продолжи поддршката за изградба на објект на болницата во Штип

Од:

Министерот за здравство Арбен Таравари по посетата на штипската Клиничка болница изјави дека изненаден од лошите услови и најави реновирање на постоечкиот објект за малку да се подобрат условите додека заврши изградбата на новиот објект на болницата.

– Денеска се згрозив што видов, значи видов тоа што никогаш не сум го видел во ниту една болница, 20 години сум лекар. Не знам дали има полоша болница и полоши услови од штипската Клиничка болница, рече Таравари на средбата со новинарите по посетата на Клиничката болница-Штип.

Како што кажа, шокиран е од условите во кои се лечат пациентите и во какви услови лекарите и медицинскиот персонал работат и им пружаат здравствени услуги на потенцијални 200.000 пациенти од Источниот регион.

– Веднаш тоа ме асоцира на центарот на Скопје, на луксузот на Владата, ме асоцира на условите и авангардата во Парламентот. Тие луѓе што го изградиле тој центар, што вложиле милјарди и што изградија такви луксузни услови во Владата и Парламентот, дали воопшто доаѓале некогаш ваму? За жал, ќе кажам дека граѓаните на Штип знаат што е вистината и како изгледа болницата, рече Таравари.

Смета дека е добро што е почнат новиот објект на Клиничката болница.

– Ние како Влада ќе го поддржиме овој објект што побрзо да се заврши. Јас се надевам дека во 2019 година пациентите и докторите ќе работат во достоинствени услови, вели Тарвари.

Министерот најави дека додека се изгради новиот објект ќе се извршат одредени реновирања во болницата, која е стара околу еден век.

– Ќе направиме, барем овој период од година, година и пол колку што може, бидејќи поголема инвестиција не се планира тука, барем да се подобрат малку условите, да се стават клими, да се искречи нешто. Хигиената иако зградите се стари е перфектна. Морам да го пофалам директорот, вели Таравари.

Прашан за дефицитот на медицинскиот и технички кадар, Таравари вели дека во текот на наредниот период ќе бидат примени волонтери, а се со цел пациентите да имаат достоинствено лекување во штипската Клиничка болница.

Министерот за здравство забележа дека санирани се и дефектите на медицинските апарати, а од страна на лекарите и медицинскиот персонал добил и листа на потребна апаратура коишто, како што рече Таравари, наскоро ќе бидат обезбедени.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

ВЛЕН: За сала од 50.000 евра, Таравари потроши 750.000 евра народни пари

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он