„Талир 2″ по вторпат не почна со судење

Од:

Судењето за предметот “Талир 2” на СЈО, судијката Даниела Алексова Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување на полномоштвата на адвокатите на обвинетите.

Претходно адвокатите на Никола Груевски и на Кирил Божиновски побараа судењето да биде одложено. Една од причините за одлагање е и што Божиновски усно го ангажира адвокатот Стерјо Зиков на кој му требало време да го проучи предметот.

Обвинителката Ленче Ристоска побара за следното рочиште да биде повикан претставник на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи има мерки за обезбедување имот.

Во „Талир 2“ обвинети се Никола Груевски, кој е во бегство и има азил во Унгарија, и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски. Според обвинението, тие ја злоупотреиле службената положба и му овозможиле на ДГ „Бетон“ АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Би можело да ве интересира

Скопска Апелација го врати „Талир 2“ на повторно судење пред првостепениот суд

Јавната седница во Апелција за предметот „Талир 2“ презакажана за 29 септември

ВМРО-ДПМНЕ ќе се жали на одлуката за Талир 2, ако треба ќе оди и до Стразбур

Катерина Ѓуровски

Лапе: Обвинителството најверојатно ќе поднесе жалба за условната казна на Божиновски

А1он

Николовска: Можело да се конфискува и личен имот на обвинетите, надвор од правна логика е да се конфискува целиот имот на партијата

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Пресуда за „Талир 2“: Груевски доби уште шест години затвор, Божиновски со условна казна, се бара конфискација на белиот дворец сосе килими и лустери

Ана Ололовска