Лапе: Обвинителството најверојатно ќе поднесе жалба за условната казна на Божиновски

Од:

Автор: Петар Клинчарски

По изрекувањето на пресудата за „Талир 2“, застапникот на обвинението, обвинителот Љубомир Лапе, истакна дека по добивањето на писмената пресуда, ќе се разгледаат причините поради која е изречена условна наместо затворска казна на второобвинетиот Кирил Божиновски и најверојатно ќе поднесат жалба.

Во однос на конфискацијата, обвинителот Лапе кажа дека се однесува на 30 штабови низ Македонија, вклучувајќи го и главниот во скопски Центар, но и останатите во државата.

„Го повлековме предлогот за конфискација на земјиштето од причина што тоа не е опфатено со стореното кривично дело“, изјави Лапе.

На новинарски прашања што ќе влезе во конфискацијата од внатрешноста на „Белата палата“, Лапе одговори „ работи што се вградени во објектот спаѓаат во конфискацијата“, но, не и мебелот и уметничките слики.

Во пресудата, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски доби затворска казна од 6 години затвор, додека поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски, доби условна затворска казна од две години за изградбата на партиското седиште на партијата.

Би можело да ве интересира

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата, а Ленче Ристоска ќе постапуваше доколку не поднесеше оставка

Ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски за случајот “Талир 2”, се одмрзнува имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Скопска Апелација го врати „Талир 2“ на повторно судење пред првостепениот суд

Јавната седница во Апелција за предметот „Талир 2“ презакажана за 29 септември

ВМРО-ДПМНЕ ќе се жали на одлуката за Талир 2, ако треба ќе оди и до Стразбур

Катерина Ѓуровски

Николовска: Можело да се конфискува и личен имот на обвинетите, надвор од правна логика е да се конфискува целиот имот на партијата

Маја Илиевска-Пачемска