Николовска: Можело да се конфискува и личен имот на обвинетите, надвор од правна логика е да се конфискува целиот имот на партијата

Од:

Судската постапка „Талир 2“ за Ружица Николовска, правна застапничка на ВМРО – ДПМНЕ, била насочена исклучиво кон имотот на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ. По пресудата, во која беше изречена и мерка за конфискација на имотот на партијата, Николовска најави дека правда ќе бараат од други судови.

dobivaj vesti na viber

„Ќе укажам на само една работа, да се конфискува цел имот на една политичка партија заради некакви дејствија на две лица, обвинети, е надвор од секаква правна и здрава логика. Доколку постојат какви било дејствија и утврдена вина, како што тоа денес судот го стори, тогаш можело да се конфискува и личен имот на обвинетите лица. Овој имот на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ не може да се толкува дека целиот е заслуга на само две лица. Напротив, во таа политичка партија има многу други луѓе кои допринеле за создавање на тој имот. Ќе видиме, сепак ни стојат и други правни средства на располагање и се надевам дека и понатаму правдата ќе биде задоволена“, рече Николовска.

Таа смета дека правата на партијата ВМРО – ДПМНЕ биле ускратени оти иако судечкиот совет се обидел да ја оправда конфискацијата на имотот, во текот на постапката не бил сослушан претставникот на ВМРО – ДПМНЕ за да се произнесе за околностите. Според неа, останува да се утврди дали токму со дејствата на Никола Груевски, кој доби нови шест години затвор, и на Кирил Божиновски кој доби условна казна, бил стекнат токму имотот кој е предмет на конфискација.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе се жали на одлуката за Талир 2, ако треба ќе оди и до Стразбур

Катерина Павлова-Николовска

Лапе: Обвинителството најверојатно ќе поднесе жалба за условната казна на Божиновски

А1он

(ВИДЕО) Пресуда за „Талир 2“: Груевски доби уште шест години затвор, Божиновски со условна казна, се бара конфискација на белиот дворец сосе килими и лустери

Ана Ололовска

Судењето за предметот „Талир 2“ одложено за 8 април

Ана Ололовска

Груевски ќе добие адвокат од државата да го брани за градбата на партиското седиште

Васко Маглешов

Нови рочишта за „ТНТ“, „Талир 2“ и „Ласкарци“

Ана Ололовска