Таксистите и приватните автобуски превозници од Гевгелија до петок со двочасовни блокади на ГП „Богородица“

Од:

Гевгелиските таксисти и приватните автобуски превозници најмалку до петок ќе продолжат со двочасовните блокади на граничниот премин „Богородица“ во редовните термини од 10 до 12 часот, соопштија утрово од здружението на таксистите.

Појаснуваат дека ќе бидат трпеливи во очекување на одговор на нивното барање од страна на надлежните институции од кои е ветено дека до петок ќе се разгледа настанатиот проблем околу превозот на мигрантите од ПТЦ Гевгелија кон Табановце.

– Информирани сме дека денеска на таа тема ќе расправа Центарот за управување со кризи, а дека во петок конечна одлука треба да донесе Координативното тело за справување со кризи. Првиот договор што беше постигнат се почитуваше само еден ден. Од донесената одлука во петок ќе зависи дали штрајкот на таксистите ќе прекине или ќе се прошири,рече претедателот на таксистите,Миле Ангелов.

Би можело да ве интересира

Загина патник во такси во Подгорица

А1он

Со такси лани се возеле 18 449 000 патници

Таксист од Скопје допираше по телото патничка, девојка од Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Патничка со мачета во такси – возачот „се смрзна“

А1он

Од Виена до Загреб со авион за 30 евра, за 2 километри со такси во градот – 52 евра

А1он

На 5 јули стартува системот за заедничка гранична контрола со Србија