Тачи: Да се создадат услови за фер и демократски избори според договореното од Пржино

Од:

Конкретната порака е дека најголемиот поддржувач и сојузник на Македонија се САД, но треба да сфатиме оти ние треба на нив да им дадеме силен аргумент за тие да се борат што побрзо да станеме членка на НАТО. Нема посилен аргумент од нашиот придонес за изборите да бидат фер и демократски и да ги исполниме тие услови што се предвидени од договорите од 2 јуни и 15 јули, изјави претседателот на ДПА Мендух Тачи  по средбата со заменик-помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД Брајан Хојт Ји.

– Од моја страна имаше скептицизам дека уште не е ништо направено за да се подобрат условите. Ние како ДПА ќе продолжиме да даваме конструктивен придонес во овој процес. Многу работи во овој процес не ми се допаѓаат, но мислам дека тоа не е толку важно бидејќи ние сме стриктно ориентирани дека Македонија треба да стане членка на НАТО и на ЕУ и друга алтернатива тука не може да функционира, изјави Тачи по средбата со Ји во Амбасадата на САД во Скопје.

Во врска со поставувањето на крстот и споменикот – двоглав орел, одговарајќи на новинарско прашање, Тачи им порача на граѓаните да не паѓаат на, како што наведе, овие провокации. – Мислам дека тоа е веќе видена игра на двајцата партнери секогаш пред избори да се спечали некој политички поен, а тоа не е добро. Пораката до ДУИ е дека сите овие проблеми би требало да се решаваат во институциите на системот и тука на пример да донесат одлука албанското знаме да се употреби во Парламентот, а не на улица, рече Тачи.

На прашањето дали активностите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ можат да предизвикаат подлабока безбедносна криза во земјава, лидерот на ДПА одговори дека не верува во тоа, бидејќи сме под силен мониторинг и на секој ќе му се стават поените било негативни, било позитивни и тоа мора сите да го сфатат.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска