А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Сведок во случајот „Тврдина 2“ тврди: Грујевски ми се јави лично да дојдам за уништување на документацијата

by А1он02/10/2017 - 11:32252
Share0

Кривичниот суд во Скопје на главната расправа почна со сослушување на сведоците во случајот „Тврдина 2“ за незаконско уништување на опремата за прислушување, во кој првообвинет е еск-шефот на УБК, Горан Грујевски кој е во бегство.

Добивај вести на вибер

Сведок вработен во МВР, тврди дека денот кога било закажано уништувањето на документацијата, лично му се јавил Горан Грујевски да присуствува на чинот. На директното испрашување, обвинителката Ленче Ристовска го праша сведокот кога точно се случил настанот, а тој одговори дека тоа се случило во 2015. година, но не можеше да се сети на датумот.

Тој потврди дека уништувањето на документацијата било во базата Брест, како и многу слични уништувања кои се случувале и претходно. Она на што се сеќава е дека близу до него имало канистер со вода и противпожарен апарат.

Сведокот вели дека ги познава обвинетите како колеги и дека биле присутни дел од нив на денот кога била уништена опремата.

Другиот сведок исто така вработен во МВР одби да сведочи пред судот, бидејќи и е син на една од обвинетите. И двајцата се вработени во МВР. Според Законот за кривична постапка, сведокот кој е во крвно сродство со обвинет има право да не даде исказ.

Судијката Лидија Петровска праша дали има уште некој од сведоците кој што е во роднинска врска со обвинетите.

Судот даде пауза по што продолжува директното испрашување на третиот сведок повикан од СЈО.

Grujevskisjotvrdina 2

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов12/05/2022 - 19:1413/05/2022 - 10:51

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов28/01/2022 - 10:0529/01/2022 - 10:29

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска20/07/2021 - 11:39

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов14/07/2021 - 12:0114/07/2021 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен