А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Сведок во случајот „Тврдина 2“: Документацијата во црни кеси беше однесена во Петровец за да се уништи

by А1он02/10/2017 - 14:01204
Share0

По паузата продолжи судењето за случајот „Тврдина 2“ во кој беше сослушан третиот сведок вработен во МВР. На прашањето на обвинителката Ленче Ристоска, третиот сведок вработен во МВР потврди дека учествувал на две постапки каде биле уништувани документации.

Добивај вести на вибер

– Беше обичен ден. Околу 10 часот ми се јави Ванчо Цветановски или началникот Никола Бошковски, не се сеќавам, и ми кажа да земам две возила и да ги донесам пред Одделот за оперативна техника на МВР“, изјави третиот сведок за денот кога била уништена документацијата за прислушувањето.

Сведокот појасни дека во возилата товареле црни кеси со документација за ништење и ги однеле за Петровец. На уништувањето на документацијата присуствувале сите од надлежната комисија при УБК.

На прашање на адвокатот Љупчо Шврговски да објасни описно каков бил просторот во кој се вршело ништењето, сведокот изјави: „Просторот беше ограден со камења, во кружен облик од околу три метри. Мислам дека имаше и противпожарен апарат“.

Сведокот изјави дека ова ништење на документацијата било различно од првото на коешто присуствувал бидејќи во првиот случај станувало збор за ситни белешки, а тој воопшто не знае какви документи има во црните кеси.

На прашање на судот дали обвинетите службенички во УБК се виновни, сите шест се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Јавноста повторно е исклучена од судењето бидејќи пред судот се изведуваат класифицирани документи од УБК.

sjotvrdina 2

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов12/05/2022 - 19:1413/05/2022 - 10:51

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов28/01/2022 - 10:0529/01/2022 - 10:29

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска20/07/2021 - 11:39

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов14/07/2021 - 12:0114/07/2021 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен