А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Сугарески на министерски состанок за транспортна поврзаност на Западен Балкан

by А1он17/05/2018 - 19:21196
Share0

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески учествуваше на министерски состанок за транспортната поврзаност на земјите од Западен Балкан во Софија каде ги презентираше тековните и планираните проекти во патната и железничката инфраструктура што се реализираат од македонска страна на коридорите 8 и 10.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Овие инвестиции ќе обезбедат унапредување на транспортната поврзаност, особено имајќи предвид дека воспоставувањето конкурентна и безбедна Транс – европска транспортна мрежа во Република Македонија како дел од Европската транспортна мрежа, претставува заедничка цел на земјите од регионот кои се стремат кон полноправно членство во Европската Унија, истакна Сугарески.

На состанокот, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, се разговарало за регионалната транспортна поврзаност и биле презентирани потенцијалните проекти и можности за инвестиции пред претставниците на меѓународните финансиски институции.

Состанокот претставува дел од стратешкиот дијалог за Западен Балкан поддржан од Светскиот економски форум чија цел е унапредување на јавното-приватно партнерство за понатамошно зајакнување на инвестициите во регионот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Покрај министерот Сугарески, на состанокот присуствувале и министрите за транспорт и инфраструктура на земјите од регионот како и претставници на меѓународни финансиски институции.

Во маргините на состанокот, министерот Сугарески остварил средба со косовскиот министер за инфраструктура со кого разговарал за автопатското поврзување меѓу двете држави преку изградбата на автопатот Скопје-Приштина. Двајцата министри се согласиле дека е потребна изградба на автопатска делница заради потребата од зајакнување на економските односи меѓу двете држави.

bugarijaSugareskiZapaden Balkan

Би можело да ве интересира

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Катерина Ѓуровски04/11/2026 - 14:08

Бугарија повторно на удар на лажни дојави за бомби

А1он03/11/2026 - 15:52

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди

Горан Наумовски03/11/2026 - 09:06

(ВИДЕО) Јотова му се заблагодари на Радев за победата: Без вас немаше да успееме

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 08:2902/11/2026 - 10:35

Бугарските граѓани денес го избираат својот седми претседател

Горан Наумовски01/11/2026 - 08:06

ВИДЕО: Потона бродот кој беше нападнат со три дрона во Црното Море

Катерина Ѓуровски29/10/2026 - 09:1729/10/2026 - 12:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео