Судско рочиште против кавадаречкиот градоначалник за поткуп

Од:

Во Основен суд Кавадарци денеска се одржа рочиште во врска со судската постапка против кавадаречкиот градоначалник Александар Панов, обвинет за поткуп при избори и гласање.

Во изјава за медиумите, тој рече дека не го сторил делото што му е на товар и оти не се точни тврдењата на сведокот дека му дал илјада денари за да гласа за ВМРО-ДПМНЕ. Додаде дека се работи за политичка хајка.

На новинарско прашање дали давал помош во време на кампања, одговори дека во такви услови не давал помош бидејќи, како што посочи, правник е и е свесен што смее да прави во тој период.

Кавадарчанецот Сали Мемедов, кој се појави како сведок, во изјава за медиумите потврди дека добил илјада денари од градоначалникот за да гласа за ВМРО-ДПМНЕ. – Јас не сум ни од таа партија, ни од оваа. Кога ги зедов парите се потпишав на едно обично ливче. Ми рече, да си помогнеме едни на други и да гласам за ВМРО-ДПМНЕ, рече Мемедов.

Пресудата, како што најави судијата Лазар Нанев, ќе биде донесена на 18-ти овој месец.

Би можело да ве интересира

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење

Во Кавадарци отворена канцеларија за поддршка и советување за родители и деца

А1он