Судски совет одлучува дали Адеми ќе биде разрешена: Барањето за доработка на извештајот не помина

Од:

Не помина барањето на членката на судскиот совет Тања Чачрова-Илиевска, извештајот за одговорност на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми да биде вратен на доработка, поради тоа што смета дека недостасувале информации. Со 5 гласа „за“ и 6 „против“, извештајот нема да се врати на доработка, бидејќи за да се случи тоа, недостасуваа уште два гласа „за“.

Откако продолжи расправата, Павлина Црвенковска и Лорета Георгиева ја напуштија седницата, а потоа истото го сторија и членовите Селим Адеми и Мирсад Суроји, по што претседателката Весна Дамева беше принудена да даде пауза од 15 минути.

Откако ќе заврши расправата, треба да биде донесена одлуката, дали Адеми ќе биде разрешена или не.

Барањето за разрешување дојде од членот на советот, Миљазим Мустафа, кој обвини дека со нејзиното неприсуство на седници ја нарушила работата на Судскиот совет, иако таа нема право на глас, бидејќи е член по функција. Мустафа пак, ја напушти седницата, бидејќи како подносител кој на Адеми и се закани со затвор, немаше право да гласа.

Би можело да ве интересира

Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет по предлог на Сиљановска-Давкова

Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Нема кворум – Судскиот совет ја одложи седницата

Горан Наумовски

Повторно контра министерството-Директорот на ЦСР Охрид доставил мислење иако центарот не бил надлежен

Предраг Петровиќ

Досегашниот претседател на Управен суд, Бурим Сејдини, ќе биде в.д. претседател на Судот, додека не се избере нов