Судски рочишта за „Тендери“ и „Насилство во Центар“

Од:

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство, „Тендери“ и „Насилство во Општина Центар“.

Поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ за злоупотреби со тендерот за изведување на градежните работи во Музејот на ВМРО, како дел од проектот „Скопје 2014“.

Судијата Осман Шабани на денешното рочиштето треба да се произнесе по приговорите на одбраната околу вештачењето на доказите.

Адвокатите Сашо Дуковски и Еленко Миланов реагираа до Судот во врска со вештачењето од „ЕОС консалтинг“, оценувајќи го како необјективно. Станува збор за вештачење на подружница на италијанска компанија, која не може да се јавува како носител на вештачење. Вештачењето изработено на 700 страници е потпишано од Страхил Глигоровски.

Лиценцата за работа на Глигоровски важела до 17 април 2017 година, а вештачењето било изготвено на 30 мај 2017. Лиценцата за работа на Глигоровски му била продолжена на 21 јули 2017 година. Од овие причини одбраната побара изземање на вештачењето на „ЕОС консалтинг“ заради необјективност и издвојување од другите списи во предметот.

На приговорите на одбраната реагираше обвинителот на СЈО, Стевчо Донев, кој рече дека кога била дадена наредбата за вештачење двајцата вештаци имале важечки лиценци.

За денеска е закажано судење и за предметот „Насилство во општина Центар“ во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

На минатото рочиште, судијата Душан Јосифов го одложи судењето, по забелешката на Груевски и останатите обвинети дека во целост не го разбрале обвинението, бидејќи не го добиле во пишана форма.

Судот го задолжи СЈО да им достави пречистен текст на обвинението по пошта за темелно да го разгледаат.

Судењето за „Насислство во Центар“ почна одново, бидејќи со новиот распоред, предметот му е доделен на судијата Душан Јосифов, кој го наследи од судијката Татјана Михајлова.

На претходните рочишта за овој предмет, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Застаре случајот „Тендери“ во кој беше обвинета Канческа-Милевска

Катерина Ѓуровски

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува