Судијата во Управен суд, Мустафа Шахини, осуден на пет години затвор

Од:

Мустафа Шахини, судија во Управниот суд, доби затворска казна од пет години за злоупотреба на службената положба и овластување.

Основниот кривичен суд Скопје ја објави првостепенaта пресуда за предметот против обвинетиот Мустафа Шахини, судија во Управниот суд, за кој во 2019 година беше отворена истрага по сомнение за Злоупотреба на службената положба и овластување и поднесено обвинение.

Според обвинителството, осомничениот, во периодот од 10.09.2018 година до 24.01.2019 година, ја злоупотребил својата службена положба и овластувањe и ги пречекорил границите на своето службено овластување преземајќи дејствија што не смеел да ги преземе, како и непреземајќи дејствија што бил должен да ги преземе, со што сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомниченото лице, претходно како адвокат преземал дејствија и ги застапувал интересите по Барање за денационализација на две лица, на чиј правен претходник му бил определен и исплатен надомест за земјиштето што било предмет на барањето за денационализација. Во меѓувреме, осомничениот бил избран за судија на Управниот суд. Во септември 2018 година за предметот за денационализација по кој постапувал во својство на адвокат, до Управниот суд била поднесена Тужба, а тој ја земал во работа. Злоупотребувајќи ја својата положба и овластување, иако знаел дека како поранешен застапник – адвокат на тужителите не смее да постапува и е должен да се изземе од постапувањето по однос на тужбата, осомничениот не ја прекинал работата врз предметот и не го известил Претседателот на Управниот Суд. Постапувајќи по предметот, иако поднесената тужба била неуредна, не го повикал тужителот да ги отстрани недостатоците, ниту ја отфрлил, туку продолжил да постапува и притоа оневозможил Државното правобранителство на Р.С.М. како заинтересирано лице да се вклучи во управниот спор и да презема мерки и правни средства за правна заштита на имотните права и интереси на Р.С.М.

Како Претседател на совет, осомничениот, учествувал во донесување на Пресуда со која спротивно на одредбите од „Законот за води“, „Законот за заштита на Охридското, Дојранското и Преспанското езеро“, „Законот за денационализација“ и „Законот за Управните Спорови“, недвижниот имот – градежно неизградено земјиште во Струга, било вратено во приватна сопственост на барателите. Воедно за недвижен имот со површина од 171 м2 што претставува јавно добро – крајбрежен појас и што не смее да биде вратенo во приватна сопственост, определил надомест во износ од 119.700,00 денари во вид на обврзници за денационализација. Свесно и со намера да оневозможи заштита на имотните права и интереси на Р.С.М., примерок од Пресудата, иако е задолжително заради право на жалба, не бил доставен до Државното правобранителство на Р.С.М. и со својот потпис, осомничениот, овозможил правосилност на пресудата. Со ваквите дејствија на барателите им било овозможено преку упис на вратената недвижност во јавните книги на недвижности во Агенцијата за катастар на недвижности, противправно да се стекнат со имотна корист – површина од 1958.49 м2 со усвоена пазарна вредност од 12.044.713,00 денари и противправна имотна корист во вид на обврзници во вредност од 119.700,00 денари, односно вкупна противправна имотна корист во износ од 12.164.413,00 денари на штета на имотот и интересите на Р.С.Македонија“, стои во образложението на обвинителството.

Против оваа пресуда, странките имаат право на жалба до Апeлациониот суд Скопје.

Би можело да ве интересира

Управен суд донесе одлука: Прием на слушатели на Академијата за судии и обвинители по изборите

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

Управен суд пресуди во полза на Академија зa судии и јавни обвинители, ја поништи одлуката на Антокорупциска

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

Орце Костов