Судењето за случајот „Триста“ е презакажано за 19 февруари, а на обвинетиот Ѓоко Поповски, поранешен помошник-министер за внатрешни работи, ќе му суди нов судија, а не Лидија Петровска.
Петровска соопшти дека Поповски е во добра здравствена кондиција и ќе може да присуствува на судењата за „Триста“.
Според СЈО, тендерот за купување, сервисирање и одржување 300 возила за потребите на МВР поранешниот помошник-министер им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда со што го оштетил државниот буџет за 453.570 евра.