Судењето за „Тарифа“ продолжува на 22 март со сослушување сведоци

Од:

Во случајот на СЈО „Тарифа“ кој се однесува за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра, денеска во Кривичниот суд беше сослушан сведокот Игор Трпевски.

Тој од август 2017 е член на УО и директор на Секторот за развој и инвестции во АД ЕЛЕМ, на прашање на СЈО посочи дека во бодувањето при изборот на фирмата првично добила конзорциумот „Ромсис“ од Романија, кој имал подобра техничка понуда, но по препорака на консултантска фирма, тендерот го добил конзорциумот „Нерас“. Тоа, според Трпевски, консултантската фирма на ЕЛЕМ го направила со измена на методологијата за избор. Сведокот рече дека понудата на романската фирма била над три милиони евра, а на конзорциумот „Нерас“, над четири милиони и двеста илјади евра.

Судењето продолжи со вкрстено испрашување на сведокот од страна на адвокатите, а своето право го искористија лично и обвинетите кои на сведокот му поставуваа прашања.

Во предметот „Тарифа“, обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица.

Обвинителите на СЈО на претходните судски рочишта рекоа дека ќе докажат оти тројцата обвинети ја злоупотребиле службената положба и овластувањето. Обвинетите се изјаснија дека не се виновни.

Според обвинението на СЈО, обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.

Следното рочиште Судот го закажа за 22 март 2018 година на кое ќе бидат сослушани и останатите сведоци.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов