Судењето против Жан Митрев закажано за 28 февруари

Од:

Советот за оценка на обвинителниот акт го одобри обвинението против доктор Жан Митрев и неговата приватна болница и за на 28 февруари го закажа првото судско рочиште.

„Ценејќи ги сите приложени факти и аргументи на странките донесе решени со кое актот го одобри во целост. По одобрениот обвинител акт, оформен е кривично правен предмет со К.бр. 349/23 кој согласно АКМИС системот е распределен кај судија на понатамошно постапување и насрочен е термин за главна расправа на 28.02.2023 година во 09:30 за што ќе бидат испратени покани до странките“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против д-р Жан Митрев лице и Обвинителен предлог против правно лице кои се товарат за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Во текот на постапката првично оформена по допрен глас, јавниот обвинител обезбеди докази за поткрепа на основаните сомненија дека обвинетиот, во периодот од јуни 2020 година до јуни 2022 година, со намера за правното лице – приватна здравствена установа да прибави значителна противправна имотна корист, со прикривање факти ги довел во заблуда оштетените пациенти лекувани во болницата од Covid – 19 кај кои е извршена хемофилтрација и членови на нивните семејства, со што ги навел секој од нив да стори штета на својот имот во различни износи, а во вкупен износ од 97.461.600 денари.

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување од Covid – 19, притоа користејќи ги приликите на здравствената криза предизвикана од пандемијата.

На овој начин обвинетиот кај секој од оштетените создал лажна претстава и заблуда, па најголем дел од нив при приемот на конкретен пациент во болницата, однапред уплаќале средства за по два циклуси на хемофилтрација како дел од болнички пакети, без да им биде објаснет овoj метод и потенцијалните ризици од него и без да се прибави соодветна согласност за примената на таква процедура кај пациентите, што е спротивно на условите утврдени во овластувањето и на здравствените прописи и стандарди.

Би можело да ве интересира

Клиника „Жан Митрев“ 24 години – еден милиони прегледи и 400.000 успешни приказни

Кривичен не му го врати пасошот на Жан Митрев за да оди на конгрес во Фрнакфурт

Катерина Ѓуровски

Холанѓани ја купуваат клиниката, Жан Митрев останува менаџер

Орце Костов

Клиника Жан Митрев: Обвинението е неосновано во целост, очекуваме јавен и транспарентен процес

Ана Ололовска

„Жан Митрев“ ќе ги намали цените за лекување од Ковид – 19, за „Систина“ намалување нема економска логика

Маја Илиевска-Пачемска

„Жан Митрев“: Министерството за здравство и ИЈЗ ја искривуваат реалната слика за починатите пациенти од Ковид-19

А1он