Во Кривичниот суд денеска е закажано судење за предметот на СЈО „Тарифа“, во кој се обвинети поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица.
Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.
Обвинителите на СЈО на минатото рочиште во Судот рекоа дека ќе докажат оти тројцата обвинети ја злоупотребиле службената положба и овластувањето.