Судбината на предметите „ТНТ“, „Титаник“, „Монструм“ и „Талир“ во рацете на Судскиот совет

Од:

Судбината на предметите „ТНТ“, „Титаник“, „Монструм“ и „Талир“ е во рацете на Судскиот совет кој треба да одлучува дали поротничката Лилјана Ивановска Кочовска може да остане дел од судечкиот совет или нејзиниот мандат е завршен и ќе треба да почнат од почеток.

dobivaj vesti na viber

На седницата на Судскиот совет, која се одржа на 25 декември 2019 година, на дневен ред беше и разгледувањето на мандатот на поротничката, но седницата се одолжи поради тоа што немаше кворум.

Адвокатите на одбраната, на неколку рочишта за случајот „ТНТ“ укажуваа на судечкиот совет дека мандатот на поротничката Кочовска е завршен на 24 декeмври 2019 и дека според Законот за кривична постапка, доколку дојде до било каква промена на составот на судечкиот совет, судската постапка мора да започне од почеток.

Сепак, постапката продолжи и беа одржани неколку рочишта и по 24 декември, а судечкиот совет, укажуваше на фактот дека не е во нивна надлежност да одлучуваат за престанок на мандат на судија поротник и дека тоа е прашање на Судскиот совет.

Судијата Осман Шабани, на судењето за „Т.Н.Т“ информираше дека претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев испратил до Судскиот совет, допис во кој се бара мислење за ситуацијата со поротничката, нагласувајќи дека не побарал да биде одлучувано за престанок на нејзиниот мандат.

Адвокатите на обвинетите во ТНТ, откако на неколку рочишта укажаа дека Судечкиот состав не може да продолжи со работа во истиот состав, изминатиот викенд излегоа со неколку отворени писма, најпрво до претседателот на Судскиот совет Киро Здравев, а потоа и до самата поротничка.

Првиот предмет кој треба да се одржи по празниците, а во чиј судечки совет е поротничката Кочовска, е ТНТ, закажан за 13 јануари.

Судијката поротник Лилјана Ивановска Кочовска е дел од судечкиот совет во предметите ТНТ, Титаник, Талир и Монструм.

Адвокатот Мерџан Даути, на судењето за „ТНТ“ на 24 декември минатата година посочи дека има доставено поднесок и за судијата поротник Марија Кондовска, за тоа што навршува 60 години и и престанува функцијата по сила на закон.

Основниот кривичен суд, истиот ден, ја објави интегрално и иницијатива поднесена од судијата Владимир Туфегџиќ, за измени и дополнување на Законот за кривична постапка, со цел да се спречи непотребното одолговлекување на судските рочишта при промена на член на судечкиот совет, при што некои се враќаат и на почеток.

Адвокатот Дончо Наков, еден од бранителие во ТНТ, бараше објаснување од сите судии зошто одеднаш таа постапка се става во десетта брзина.

– Имам поднесок и барам да се каже зошто се одложени сите други судења и одеднаш само едно судење е битно, рече Наков.

На 31 декември 2019 година, Основниот кривичен суд во Скопје, информираше дека заради ефикасност на постапката на предметот „ТНТ“ кој е во завршна фаза, надлежниот судечки совет насрочил нови термини за продолжување на расправата и тоа за 13, 14, 15 и 16 – ти јануари 2020 година, како и на 17, 20, 21, 22, 23, 24 и 27 јануари 2020 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Адвокатот на Груевски за уривањето на „Космос“: Треба да биде ослободен, не сторил ништо

Кристијан Ландов

Наместо Судскиот совет во иднина самите судии меѓусебно ќе се оценуваат

Ана Ололовска

Судскиот совет разреши петмина судии

Судскиот совет го испитува патувањето на судијата Лазар Нанев во Палермо

Катерина Павлова-Николовска

Судскиот совет парично казни двајца судии и запре две постапки против врховни судии

Побаран куќен притвор за Јанакиески

Кристијан Ландов