Студентски пленум објави повик за предлог модели за студентско организирање

Од:

Студентски пленум објави повик за доставување предлог модели за студентско организирање кои ќе бидат консултирани при креирањето на предлогот за измена на Статутот на УКИМ.

Иницијативата потекнува од учеството и иницирањето на создавање работна група во склоп на УКИМ која ќе има за цел менување на Статутот на универзтитетот во делот на студентското организирање т.е. Студентските парламенти.

– Ги повикуваме сите кои имаат идеи како да го подобриме студентското претставување да ни ги пишат предлозите на [email protected]. Доколку некој од нашите колеги сака да се вклучи поактивно во пишувањето на концептот, пишете ни или на маил или во инбокс. Финалниот предлог ќе биде јавно објавен, а за истиот ќе се дискутира на средбата на Kомисијата за измена на Статут која ќе се оддржи на 30ти август. Финалните измени треба да бидат готови до 15ти септември, и понатаму ќе се дадат на гласање на Сенатот на УКИМ – наведува Пленумот.

Би можело да ве интересира

Студентски пленум се огради од Туфегџиќ, таа вели дека е на листа како граѓански активист

Емир Латифовиќ

Погледнете го видеото „брУКИМ“ од Студентскиот пленум

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Автономија на УКИМ: Студентите влегоа на факултети

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Студентскиот протест се движи кон УКИМ

Емир Латифовиќ

Власта со специјалци ќе ги растерува студентите од пред СПУКМ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Студентски пленум упадна во СПУКМ; ги бараат украдените кутии

Емир Латифовиќ