Студентски пленум се огради од Туфегџиќ, таа вели дека е на листа како граѓански активист

Од:

Студентски пленум на својата фејсбук-страница се огради од „јавните и приватните ставови“ на Ивана Туфегџиќ, која го доби деветтото место на кандидатската листа на опозицијата во првата изборна единица.

„Во врска со написите што излегоа во медиумите дека како деветти кандидат во првата изборна единица во избирачката листа на СДСМ се јавува претставник на „Студентски пленум“, остро ги отфрламе како неточни. Заклучно, „Студентски пленум“ нема репрезент на претстојните избори, па граѓаните и граѓанките студенти што ги споделуваат принципите на „Студентски пленум“ единствено можат да придонесат преку активно вклучување во него“, стои во објавата на пленумот.

Меѓу граѓанските активисти кандидирани за пратеници е и Ивана Туфегџиќ, која јавноста ја запозна преку голем број студентските активности, па многумина ја доживеаја како претставник на Студентскиот пленум на кандидатската листа. Таа го демантира тоа и додава декА Меѓу граѓанските активисти кандидирани за пратеници е и Ивана Туфегџиќ, која јавноста ја запозна преку голем број студентските активности, па многумина ја доживеаја како претставник на Студентскиот пленум на кандидатската листа. Таа го демантира тоа и вели дека со кандидирањето на граѓански активисти се испратени две силни пораки.

– Кандидатурата е голем чекор за мене, но и огромна одговорност пред секој кој го познавам и кој ме поддржува или не ме поддржува.Таа одговорност секојдневно ќе ја носам и оправдувам. Сметам дека сето она кое сум го зборувала и бранела изминатите две години сега ќе имам шанса да го бранам, предлагам и зборувам во Собранието.

Исто така, мислам дека отворањето на партиите за граѓанските активисти го покажува значењето на граѓаните во оваа битка, но и е чекор кон модернизирање и менување на партиите.

Оваа битка ќе биде најважна за секој од нас и ако не сакаме да ги наполниме аеродромите со луѓе кои имаат билети во еден правец сите ќе се надминеме себеси во корист на големата слика.

Значењето на оваа битка, пак, не смее да ги замолчува критиките, напротив, критиките се и мора да бидат добредојдени, затоа што само така ќе стануваме подобри и ќе имаме шанса да се поправаме.

Не чека многу работа за победа и за враќање на нормалноста, она што толку многу време ни недостига.

Ви благодарам на сите за поддршката“, пишува Туфегџиќ на својот профил на Фексбук.

Би можело да ве интересира

Студентски пленум објави повик за предлог модели за студентско организирање

Емир Латифовиќ

Погледнете го видеото „брУКИМ“ од Студентскиот пленум

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Автономија на УКИМ: Студентите влегоа на факултети

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Студентскиот протест се движи кон УКИМ

Емир Латифовиќ

Власта со специјалци ќе ги растерува студентите од пред СПУКМ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Студентски пленум упадна во СПУКМ; ги бараат украдените кутии

Емир Латифовиќ