Студентите повторно ќе предаваат за ГТЦ

Од:

Студентите од архитектонскиот факултет, во рамките на кампањата „Излези за ГТЦ“, ќе организираат и втора прошетка низ Градскиот Трговски Центар која ќе има цел да ги запознае граѓаните со културните и архитектонските вредности на овој култен градски објект.

Прошетката ќе се одвива денес со почеток во 18:00 часот, а збирно место повторно ќе биде пред платото на ГТЦ од страната на паркот Жена – Борец. На прошетката може да дојде секој заинтересиран граѓанин и низ интерактивна настава да дознае нешто повеќе за културното наследство на нашиот град, кое ГТЦ го чува веќе четири децении.

За сите останати активности и настани кои ќе се одвиваат во рамките на кампањата „Излези за ГТЦ“ можете да се информирате на http://gosakamgtc.mk/kalendar/

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов