Студенти од Правниот факултет во посета на АВМУ

Од:

Во рамки на практичната настава по предметот односи со јавност, студенти од катедрата за новинарство и односи со јавноста при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, денес ја посетија Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На средбата, студентите имаа можност подетално да се запознаат со надлежностите, организациската структура, проектите на Агенцијата од поширок јавен интерес и начинот на мониторинг на радиодифузерите. Главен фокус на посетата беше споделување на искуства за практикувањето на пишаните и говорни техники за односи со јавност од страна на Агенцијата, како и за комуникацијата со јавноста преку објавување содржини на веб страницата www.avmu.mk, YouTube каналот и Facebook страната на Агенцијата.

Агенцијата ја поздравува заинтересираноста на студентите за стекнување нови знаења, кои ќе најдат примена во нивниот иден професионален развој, и понатаму останува отворена за соработка и споделување на искуства во областа на медиумите и медиумската регулација.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

Составена е листата за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Сиљановска-Давкова: Правниот факултет беше и остана храм на правото и правдата

А1он

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

A1on

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on