Врнежите од снег во најголемиот дел од земјава ќе продолжат до крајот на денот, само на југоистокот ќе бидат од дожд. Снежна покривка е формирана на Маврово од 27 сантиметри, 24 Ѓуриште, 19 Лазарополе и Попова Шапка, 15 Тополчани, 14 Пожаране, 12 Претор, девет Битола, осум Берово, пет Штип, четири Тетово и Прилеп и еден во Скопје на Зајчев Рид.
Облачно и студено со врнежи од дожд е во Гевгелија. Краткотрајно, како во Крива Паланка преку денот и доцна попладнево во Битола, повремено се менуваа врнежи од дожд со врнежи од снег. Снег врнеше и на планините и на повисоките места.
Врнежите од снег ќе продолжат и утре на планините и на повисоките места. На југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје облачно и студено со повремен дожд, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе преминува во снег. Минималната температура ќе биде околу 0, а максималната ќе достигне само до 4 степени.
Во вторник и среда ќе дува умерен до силен северен ветер најизразен долж Повардарието и ќе има услови за повремен снег на планините и повисоките места. На пониските места ќе има повремен дожд кој ќе преминува во снег. Во деновите од работната недела ќе се задржи студено, а утринските температури ќе се најниски во среда и четврток.
Поради интензивни врнежи од снег oд 14.30 часот е вовеена забрана за сообраќај на тешки товарни возила патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
Од 10:15 часот поради интензивни врнежи од снег забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар.