За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време, во недела со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег.
Во понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд и ќе има нагло заладување со умерен до силен северен ветер, кој ќе достигнува брзина до 80 километри на час.
Заради заладувањето попладне се очекува врнежите и во некои пониски места да преминуваат во снег. Во вторник ќе има преодно стабилизирање, а од среда сe очекува нов влажен и студен бран.