Студено време и снег од утре

Од:

Студено време со засилен северен ветер, нагло опаѓање на темепратурата и врнежи од снег, најавува од утре Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре попладне подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на студена воздушна маса  која брзо ќе се спушта од север со умерен повремено засилен северен ветер, при што ќе има значителна промена на времето со нагло опаѓање на температурата.

– Врнежите од дожд и снег ќе почнат од запад и северозапад и кон крајот на денот на повеќето пониски места, ќе преминуваат во снег и ќе се формира тенка снежна покривка. На планините врнежите ќе бидат само од снег. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта, а во сабота претпладне врнежи ќе има уште само на исток од земјава, информира УХМР.

Од недела до вторник следува период на студено време со повремен снег.

Утринската температура ќе биде претежно во интервал од минус 7 до 0, а дневната од минус пет до два степена. Поинтензивни врнежи се очекуваат во недела ноќта кон понеделник кога на планините ќе се формира значителна снежна покривка.

Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно и многу студено врме  со умерен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска