Студено утро со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини и речни долини и претежно сончево со слаб ветер од јужен правец во текот на денот, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 17 степени.
До утре, понеделник, ќе се задржи стабилно и претежно сончево време со студени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Кон крајот на денот утре облачноста ќе се зголеми, а врнежи од дожд ќе има во вторник претпладне.
– Од вторник, особено долж Повардарието, ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а утринската температура значително ќе се зголеми. Од среда во пораст ќе биде и дневната температура, соопшти УХМР.