Стружанец со нож повредил две лица во казино во Охрид

Од:

СВР Охрид рано утрово во Струга го приведе и од слобода го лиши Б.Д. (35) од струшкото село Ливада, поради сомнение дека сторил казнено дело тешка телесна повреда. По консултации со Јавниот обвинител, СВР Охрид против Б.Д. денеска ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека приведениот Б.Д. бил учесник во нарушувањето на јавниот ред и мир ноќеска во 01 часот и 30 минути во казино „Адмирал“на улицата „Партизанска“ во Охрид.

– Тој употребил нож со кој го повредил Н.М. (34) во пределот на градниот кош, а на Е.М. (35) му нанел два убоди во пределот на слабината и грбот. Веднаш по нападот, сега приведениот избегал со патничко моторно возило „Голф“ со струшки регистарски таблици додека двете повредени лица со возило од Брза помош се пренесени во охридската Општа болница каде се задржани за понатамошно лекување, истакна Димоски.

Тој појасни дека приведениот, физички го нападнал Р.М. (31) од Охрид нанесувајќи му повеќе удари со тупаници во пределот на главата.

– По кратко време, во казиното пристигнале сега повредените Н.М. и Е.М. кои се вклучиле во нарушувањето, пришто биле тешко повредени со нож, изјави Димоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов