Стружанец си ја убил сопругата – ја бодел со нож, по што се обидел да се самоубие

Од:

Стружанец ја убил својата 34-годишна жена по расправија. Убиството се случило доцна вечерва. Според првичните информации од увидот на полицијата, жената била бодена со нож.

“Пријавено е дека во Струга, на ул.’Ристо Крле’ при расправија со својот сопруг, С. Р. (1987) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите. Смртта ја констатирала Итната медицинска помош”, велат од МВР за “А1он”.

Во тешка состојба е и 39-годишниот Ј.Р. кој ја убил жената. Неофицијално, сопругот по убиството се обидел и да се самоубие. Тој е пренесен во Општата болница во Струга.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Краљево: Со самострел ја уби сопругата, ја рани мајка си, а потоа изврши самоубиство во семејната куќа

Горан Наумовски

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена