Медијаторот Питер ван Хауте денеска им предложил на претставниците на политичките партии дијаспората да не гласа на следните избори.
Тој предлага и поголема застапеност на жените, зајакната улога на ДИК, теренска проверка на гласачите со вкрстени податоци, но и медиумите да не можат да се јават како донатори во изборните кампањи.
За ова, како што велат извори од преговорите за А1он, трае дебатата меѓу четирите политички партии.
Според договорот во Пржино денеска треба да се постигне договор за изборната регулатива и избирачкиот список.