Столтенберг: Доделувањето на мандатот е чекор во вистинска насока, охрабрувам брзо формирање влада

Од:

Откако во име на Еворпската унија, денешното доделување на мандат за формирање влада на претседателот на СДСМ Зоран Заев попладнево го поздравија високата претставничка Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, со соопштение со честитки за потегот на македонскиот претседател Ѓорге Иванов се јави и Северно-атлантската алијанса.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го нарече „чекор во вистинска насока“ потегот на Иванов и исто како и Могерини и Хан, побара брзо формирање на новата влада на Република Македонија.

– Ја поздравувам одлуката на претседателот Иванов да му даде мандат на парламентарното мнозинство на господинот Заев за формирање на нова влада. Ова е чекор во вистинската насока и нешто што е правилно направено. Охрабрувам брзо формирање на новата влада, навремено потврдено гласање во Парламентот и конструктивен став на сите партиии. Тоа е важно за земјата да започне да се фокусира на своите итно потребни реформи. Апелирам до сите оние кои се заинтересирани да продолжат со напорите за унапредување на евро-атлантските аспирации на земјата, порача Јенс Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Мицкоски мандатар за состав на влада

Столтенберг: Го поздравувам договорот помеѓу Израел и Хамас за ослободување на заложници

А1он

Ковачевски – Столтенберг: Отворени врати за нови членки во НАТО е вредност која треба да се продолжи

А1он

Столтенберг: Членството на Македонија и Црна Гора е доказ дека вратите на НАТО се отворени

Столтенберг и Пендаровски: Шпекулациите за промени на границите не се од помош

Катерина Ѓуровски

Пендаровски му се јави на Столтенберг

Жарко Настоски