Мицкоски мандатар за состав на влада

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, го додели мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој по изборите на 8 мај обезбеди парламентарно мнозинство со коалицијата Вреди и Движењето ЗНАМ, што беше потврдено при изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието.

Според Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претстедателот на ВМРО-ДПМНЕ има сериозна можност да формира влада и да освои 61 глас зад својата програма и новиот владин состав.

-Чест и задоволство ми е да верувам дека чекорот што го преземам е вистински, правен и политички чекор, кажа шефицата на државата по што му го предаде мандатот на идниот мандатар.

Новиот владин кабинет е проектиран со реорганизација на ресорите и ВМРО-ДПМНЕ вчера до Собранието достави предлог законски измени кои веќе се ставени на собраниска седница закажана за утре.

ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ (ВЛЕН) и ЗНАМ, како извесни партнери во идната влада, заедно имаат 78 пратеници. ВМРО-ДПМНЕ на изборите освои 58 пратеници, Коалицијата „Вреди“ 14, а Движењето ЗНАМ шест.За да ја направат реорганизацијата, пак, потребно им е двотретинско мнозинство (80 глас) во 120-члениот парламент.

Рокот од 20 дена за формирање влада истекува на 25 јуни. За Владата да биде изгласана потребно е апсолутно мнозинство од најмалку 61 пратеник од вкупно 120-члениот парламент . Седница за избор на Владата се одржува во рок од 15 дена од приемот на предлогот. Расправата во Собранието може да трае најмногу два дена.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Извозот во септември пораснал за 22 до 23 отсто, разликата со увозот е историски најголема

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Мицкоски: Обвинувањата на опозициската СДСМ за фингирање на јавниот долг се саботажа

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра