Стојанов : Борбата за справување со огнената стихија на Серта продолжува и денеска

Од:

И денеска интензивно се одвиваат активности за гаснење на големиот пожар на планината Серта од неготинска страна, информираше градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, на неговата Фејсбук страница.

– До моментот на објавување на ова известување само за кратко се интервенираше од воздух со два хеликоптер, додека изостана вклучувањето во гаснењето на пожарот од други воздухоплови како што се ер трактори и авиони за гаснење пожари. Во најголем дел гаснењето се одвива од земја со механизација и човечки ресурси со вклучување на војници, полиција, пожарникари, ловџии и други доброволци, соопшти тој.

Како градоначалник на општина Неготино, апелираше до надлежните во ЦУК за итно и помасовно вклучување на авиони, ер трактори и хеликоптери во гаснењето на пожарот на планината Серта од неготинска страна.

– Во моментов пожарот е најсилен во месноста Дуњица и токму на оваа локација е потребна интервенција од воздух, напиша тој.

Би можело да ве интересира

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожарникарите се борат да спречат пожарот да навлезе во боровите шуми на Јасен

A1on

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Ангелов: Мирисот на чад што го чувствуваат граѓаните на делови од Скопје е од пожарот во месноста Рамно

Горан Наумовски

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево