Стојаноски: СДС и ДУИ да кажат во чии џебови оделе парите кои сега се прибираат во државната каса

Од:

СДС и ДУИ да кажат во чии џебови оделе парите кои сега се прибираат во државната каса.Десетици милиони евра повеќе се собрани во државната каса од страна на УЈП, Царинската Управа и Јавното претпријатие за државни патишта во месец јули оваа година во споредба со истиот месец лани вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.


Јавното претпријатие за државни патишта во јули наплатило 16 милиони денари повеќе од патарини оваа година во споредба со лани.

– Царинската управа наплатила 12 милијарди денари во месец јули, што е рекордна наплата на оваа институција било кога од нејзиното постење. Пикот во собирање приходи го има и УЈП, каде се наплатени 13.4 милијарди денари, што е исто тако рекорд. Комбинираниот приход на УЈП и Царинската управа е над 25.4 милијарди денари, што е над 415 милиони евра. Власта на СДС и ДУИ покрај на тендери и матни зделки ја крадела државата и преку ненаплаќање на даноци и царини, рече Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ