Стојаноски: Надзорот на Коридорите 8 и 10д се плаќа и до седум пати поскапо споредено со други проекти

Од:

Според најновите информации кои ги објавија медиумите Електра Солушнс преку која ќе поминат најмногу пари од договорот за надзор, 8.3 милиони евра, има само четири свои вработени ангажирани на проектот и тие 4 ги вработила на 20.10.2022 година, т.е. откако ја добиле лиценцата за надзор рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

– Се поставува прашањето како тогаш Електра Солушн ги исполнила условите за издавање на лиценца за надзор, и дали само времено вработила лица за да добие лиценца, а потоа истите тие лица не ги ангажира на проектот? Дополнително симптоматично е што на фирмите членки на Конзорциумот им фалат клучни документи во договорот за надзор за 23 експерти, за кои нема доказ дека работат или се ангажирани од една од фирмите. За сите овие лица Електра Солушн, Евро Консалтинг, ИРД и ЕПТИСА ќе наплатат огромни суми на пари, кои се неколкукратно повеќе од сумите кои се наплаќани за надзор на други проекти. Мора да напоменеме дека парите кои се предвидени за одреден кадар не се слеваат кај работниците, туку кај фирмите, а тие исплаќаат дел од сумата на име плата или договор за дело, a остатокот останува за надзорот, вели Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ