Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Од:

На познатиот штипски угостител Стојанче Зарков, во јавноста познат како Грофот, денеска му е изречена казна доживотен затвор за кривичното дело „убиство“ на неговата 84-годишна мајка, Марија Заркова. Пресудата ја донесе кривичниот судски совет, со кој претседаваше судијата Сашко Георгиев, во Основниот суд во Штип.

Судијата Георгиев ја објави пресудата наведувајќи дека кривичното дело било извршено на 8 август 2025 година, во раните утрински часови, по 2 часот, кога обвинетиот самиот се јавил на бројот за итни повици. Убиството било извршено со зелен нож, кој, според судот, Зарков и претходно го користел при извршување кривични дела поврзани со семејно насилство.

Судијата Георгиев вели дека според архивата на Основниот суд во Штип, Зарков неколку пати е суден за сторени кривични дела семејно насилство врз неговите сега починати родители. Зарков во текот на судењето, во два наврати даде исказ дека не се сеќава дали ја убил неговата мајка.

Пресудата беше објавена во отсуство на Зарков, кој е во притвор во Затворот-Куманово.

Инаку, во Основниот суд во Штип од 2020 до денеска изречени се три казни доживотен затвор за сторени свирепи убиства. Од нив едната е изречена лани за убиецот на штипјанката Емилија Пешева, која беше задавена, а сторителот самиот се пријави во Полициска станица-Штип.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Краљево: Со самострел ја уби сопругата, ја рани мајка си, а потоа изврши самоубиство во семејната куќа

Горан Наумовски

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Лут возач прегази човек со автомобилот неколку пати, па потоа нападна друг

А1он

Сериски убиец во Куманово: покрај жената во Челопек, 25-годишникот можно е да е поврзан и со други злосторства

Катерина Ѓуровски

Уапсен е 25 годишник кој со перница задуши старица во село Челопек

А1он

Убиство во Мостар, се утврдува идентитетот на починатиот

А1он