Стоилковски: Заев да каже што точно понудил како решение во Софија

Од:

Цел ден измина, а Зоран Заев и СДСМ директно не се оградија од деталите напишани и опишани во бугарските медиуми, а се однесуваат на средбите на Заев во Софија. Ниту директно и прецизно не се оградија од прецизните описи за понудена формула од Заев „ист јазик – меѓународно признати македонскиот и бугарскиот како два јазици“ рече на прес конференција портпаротлот на ВМРО-ДПМНЕ Наум стоилковски.

„Ова е срамно. Доколку Заев директно не се огради од формулациите детално опишани во бугарските весници, но и ако тоа што го пишуваат таму е вистина, тогаш Заев безочно ја лажел јавноста и тоа е потврда дека директно преговара и на маса ја става посебноста на македонскиот јазик што е директно подривање на македонскиот идентитет и посебност“ – рече Стоилковски.

Тој уште вели и дека доколку Заев директно не се огради од наводите, Заев молкум пред македонската јавност ја прифаќа негаторската теза дека македонскиот и бугарскиот се исти јазици, односно дека се до кодификацијата на македонскиот јазик во 1945 година, македонскиот јазик бил форма или дијалект на бугарскиот јазик.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев