Додека Петре Шилегов молчи за тендерот за булевар „Никола Карев“, тендер од 3 милиони евра, тоа е оној тендер за Пластичарска, ПРОФИТЕР, продолжува со тендерот од август 2020 година за улицата „Есенинова“ во Кисела Вода, потписник Петре Шилегов.Предвидена сума 72.165.354. Склучен договор 72.085.805 денари. Повторно иста шема, речиси иста сума како и предвидената рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
-Уште посимптоматично, извештајот од електронската аукција, документот кадешто стои натпреварот поеѓу фирмите со цени, го нема закачено на системот за јавни набавки, а тоа е задолжително. Но, самите суми покажуваат дека се работи за ден во којшто воопшто како да немало натпревар по цени, односно е добиен само со клик. Наместен натпревар, милион и 200.000 евра, Петре Шилегов е најбогат градоначалник во регионот, за 4 години речиси пола милион евра повеќе. Истата фирма којашто го добива овој тендер една година претходно, во март 2019 година добива тендер за булевар „АСНОМ“. При нормална аукција, со 4 фирми, дури 44 пати е спуштана цената, 44 пати имало понуда за поевтин договор. Истата фирма којашто го добива овој тендер за „Есенинова“ првичната понуда за булеварот „АСНОМ“ ја намалува за речиси 45% речиси половина и тендерот не бил залак за ПРОФИТЕРОТ, вели Стоилковски.