Стоилковски: Алармантно, на скопскиот аеродром нема превентива од корона вирус, а неспособноста на Филипче и владата ја плаќаат граѓаните

Од:

Алармантно, на скопскиот аеродром нема превентива од корона вирусот, а неспособноста на Филипче и на владата ја плаќаат граѓаните.
Неспособноста во секое поле се пресликува и во здравството, но тука цената е здравјето на граѓаните, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Потфрла контролата и се прават недопустливи превиди на граничните премини.

Доказ дека ова е така, е директорката на Клиниката за кожни болести, пуленката на министерот Филипче, Цаца Биљановска.

Таа влегла во државата пред 10 дена без да биде детектирано дека е заболена од корона вирусот.

Значи, имаме најмалку еден случај без контрола за вирусот Ковид кој што ја има минато границата тука на Меѓународниот Аеродром во Скопје.

Се сомневаме дека владата и Филипче кријат и други случаи на пропусти и заболени од корона вирусот.

Властите предводени од Заев и од Филипче немаат никаква контрола и пристап кон справувањето и сопирањето на ширењето на опасниот вирус и заради тоа се потребни итни оставки, а работата да ја преземат професионалци.

Оставка за Филипче, стоп за неспособната влада, побара Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни