Стјуард на авиокомпанија е повреден откако вчера авионот влегол во турбуленции пред да слета на скопскиот аеродром.
Полицијата денеска соопшти дека 28-годишен стјуард В.К. од Скопје се здобил со тешки телесни повреди откако паднал на подот во авионот околу 18:05 часот. Повредениот е однесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.