Стевчо Јакимовски ги собра потребните 10.000 потписи за да може да учествува во претседателската трка. Ова тој го објави доцна попладнево на неговиот профил на Фејсбик, прецизирајќи дека се собрани 10.372 потписи.
„Потписите се собрани, битката допрва почнува.
Кога не сум фаворит обично сум најсилен а првата цел е влез во вториот круг.
На Република Македонија и треба храбар претседател, а не марионета. Македонија заслужува искусен политичар кој знае како да го врати значењето на функцијата Претседател на Македонија“, напиша тој.