Стевановиќ: Пациентот од Велес е во добра состојба, можно е да се заразил од крлеж додека рибарел на Вардар

Од:

Четириесет и двегодишниот велешанец кој е позитивен на конго кримската хеморагична треска, е во добра општа состојба и е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Директорката на Инфективна клиника, Милена Стевановиќ информираше дека пациентот имал покачена температура до 38 степени, главоболка, болка во телото, малаксаност и обилно потење и првично е примен во Општата болница во Велес, а во саботата навечер бил испратен за Скопје.

– Во саботата е донесе суспектен пациент од велешката болница, тој е хоспитализиран кај нас и е во добра општа состојба. Се жалел пет дена претходно на температура, болки во зглобовите, главоболка поради што и побарал лекарска помош. Лабораториските анализи беа со намалени тромбоциди вчера, а денешните анализи се уредни. Но тоа не значи дека не може да има развој на болеста како кај претходната пациентка.

Човекот доаѓа од велешката околина, можниот начин на зараза е рибарењето негово на Вардар каде што е доста непрооодно, има достра трева. Епидемиолозите, Агенцијата за храна и ветерианрство, Факултетот за ветерина се на терен за да се уловат инсекти и да ги испитаат истите.
Конго-кримска хемогарична треска ја пренесува крлеж. Но, може да се пренесе и најчесто се пренесува кај луѓе кои се професионално оптеретени како здравствените работници, сточарите, рибарите, ловџиите, месарите кои ги обработуваат продуктите на евентуално заболени животни.

Пациентот има една рана која може да е од крлеж, но тој самиот не е свесен дека бил каснат од крлеж – детално образложи Стевановиќ.

Веднаш е известен ЦЈЗ Велес да формира тим кој направи епидемиолошка анкета на заболениот, проценка на ризик во семејството и на лицата кои биле во контакт во здравствените установи.

– Цел здравствен систем е активиран во земјата, ја работат секој својата работа за да се комплетира целосната слика која може да ја добиеме. Епидемиолозите веќе имаат направено анкетни листи, лоцирани се контактите. Покрај неговото четиричлено семејство кое е под надзор уште петмина колеги од велешката болница се под медицински надзор.

Навистина е топло, а луѓето се во природа, да се апелира на претпазливост, рибарите и планинарите да носат високи чизми, светлка облека, здравствени работници никако да не го забораваат протоколот за заштита при работа – порача директорката на Инфективна.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов