Осма жртва од западнонилска треска

Од:

Пациент на возраст од 70 години од скопската населба Драчево е осмата жртва од западнонилската треска годинава. Тој се лекувал на Клиниката за инфективни болести и бил во критична состојба, а имал и неколку коморбидитети.

Досега има 58 потврдени случаи на заболени со вирусот западен нил, од кои два нови случаи вчера беа потврдени од Институтот за јавно здравје.

Сите починати од западнонислка треска се мажи на возраст од 62 до 83 години. Тие имале и други заболувања.

Најмногу случаи од западнонилска треска се пријавени во скопските општини Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба и Бутел.

Би можело да ве интересира

Петмина новозаразени со западнонилска треска, прв случај во Тетово

Од 12 пациенти со западнонилска треска на Инфективна, тројца се на интензивна со кислородна поддршка

Уште еден починат од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани има само шест пациенти

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западнонилска треска, осум починати – сите се мажи

Горан Наумовски

Аларм во Европа: Над 1.000 случаи на вирусот западнонилска треска, погодени 15 земји