Стела ќе добие куќарка во дворот на министерството за одбрана: Петровска ќе го чува новото милениче на работа и дома

Од:

Црното куче кое неодамна го вдоми министерката за одбрана, Славјанка Петровска, ќе добие дом во дворот на Министерството, а во зависност од обврските, министерката ќе го чува и дома.

Од Кабинетот на министерката Петровска за „А1он“ открија дека малата Стела ќе има два дома, а еден од нив ќе биде куќарката која наскоро ќе пристигне во дворот на Министерството, а согласно правилата на оваа институција не постои забрана за кучиња.

„ Согласно внатрешните правила во Министерството за одбрана нема забрана за кучиња. Во зависност од службените обврски на министерката Петровска, кученцето ќе биде сместено во нејзиниот дом или во дворот на Министерството за одбрана, за што наскоро ќе пристигне и соодветна куќарка“, велат од Кабинетот на Петровска за „А1он“ на прашањето дали е дозволено да се чуваат миленици таму.

Петровска реши да го вдоми црното кученце кое, додека таа држеше говор во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се качи на бината. Од Одбрана велат дека станува збор за напуштено кутренце, за кое до скоро се грижеле вработените и било чувано во кругот на касарната. Тоа е веќе однесено на ветеринар и вакцинирано.

„Неделава во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ беа промовирани новите потпоручници во Армијата кои го завршија военото образование како дел од 23. класа на Академијата. За време на официјалната церемонија, малото улично кученце се качи и прошета на бината на која во тој момент свое обраќање имаше министерката Петровска.

Кученцето беше преземено од лицата кои се наоѓаа околу бината, кои му дадоа да се напие вода. По завршувањето на церемонијата, министерката Петровска го побара кученцето. Министерката од своето рано детство сака и чува домашни миленици, а ова ја потсети на нејзино милениче кога таа била мала и затоа одлучи да го згрижи“, раскажаа од нејзиниот кабинет како се решила да го вдоми својот нов миленик.

По коментарите дека министерката ја посвои Стела само за да собира политички поени и дека кученцето повторно е на улица, Петровска на фејсбук објави фотографија со новиот миленик и напиша дека своето прво куче го добила кога имала три годишна возраст.

„Ширете љубов, а не омраза и лаги, затоа што тоа што го ширите тоа ќе ви се врати. Дона беше моето прво куче, кога имав 3 години, потоа миленичиња ми беа Доли, Ава, Аба, Коки…а сега Стела“, напиша Петровска.

Би можело да ве интересира

Петровска: Мицкоски ја крие вистината, ДПМНЕ го штити со лаги

ВМРО-ДПМНЕ повторно го актуелизира случајот „хациендата на Петровска“: Си пукате во нога одговори екс министерката

Петровска: Дали за помошник министер во МВР е поставено лице со кривична пријава за измама?

Петровска: Во МВР поделени повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување на полициски службеници

Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија – реакција на Петровска по изборите во СДСМ

Петровска: Јa повлекувам мојата кандидатура за претседател на СДСМ

Горан Наумовски