Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

Од:

„35 години, не се само бројка. СДСМ не се само четири букви. Тоа се многу повеќе, многу поважно. СДСМ е идеологија, илјадници животни приказни, бројни државнички одлуки, креирање добри политики и нивно спроведување, идеологија која спојува различности и почитува поинакви. СДСМ е многу повеќе од статистика и празни фрази“ напиша на Фејсбук пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.

Таа вели „и синото и црвеното носат своја победа, и розата и тупаницата носат порака, носат идеологија, носат подобро утре. Сме губеле, сме победувале, но секогаш сме се менувале, на подобро, се разбира“.

„Промената на подобро е неопходна, суштинска, за да може да успееме, за да победиме, за Македонија. Ако не се промениме, ќе исчезнеме и затоа час поскоро да започнеме со трансформација. Среќен роденден, моја СДСМ“ пишува Петровска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните