Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Од:

Попладнево во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше за тоа дека Министерката за труд и социјална политика ја вратила разрешената директорка на ЈУДГ Детска радост на чело на градинката.

Во објавата, Стефковски напиша:

„Доцна попладнево пред крајот на работното време во општина Гази Баба пристигна Одлуката со која Министерката за труд и социјална политика ни ги одзема надлежностите над градинката Детска радост во Автокоманда.

Но она што загрижува е Одлуката на Министерката да ја врати разрешената директорка на чело на градинката, што е директна заштита на незаконско работење утврдено со ревизорски извештај.

Состојбата е загрижувачка и за таа цел закажувам прес конференција, утре 27.05.2023 година (сабота) со почеток во 11:00 часот во просториите на општина Гази Баба“, напиша Стефковски.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Димитријевиќ: Стефковски троши 650.000 евра народни пари за партиски вработувања во Општина Гази Баба

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

СДСМ: Ништо од ветената Зелена Општина, денес Гази Баба тоне во шут и отпад

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз