Стефанова: Јанакиески и Божиновски се спремале за бегство

Од:

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло Специјалното јавно обвинителство кое што веднаш побарало од Судот да им биде изречен притвор, информираше денеска обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова.

„Во текот на вчерашниот ден добивме информации според кои не само осомничениот Никола Груевски кој се даде во бегство, туку на ист начин за бегство се подготвуваа и Кирил Божиновски и Миле Јанакиески“, рече Стефанова.

Доцна синоќа кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кој ги уважи предлозите на СЈО наместо досегашните мерки за присуство, патни исправи и објавување во судот, да им изрече 30 дена притвор.

„Причините дека постои опасност за бегство ги истакнав уште при поднесувањето на обвинителниот акт, но Кривичниот совет одлучи дека треба да им се применат поблаги мерки. Од овие причини баравме мерка притвор, доколку добиеме информации, тоа ќе го бараме и за другите“, рече Лиле Стефанова.

Таа побара на експремиерот Никола Груевски да му се суди во отсуство.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески