Стапи во сила ревидираната Директива за аудиовизуелни медиумски услуги

Од:

По повод стапувањето во сила на ревидираната Директива за аудиовизуелни медиумски услуги, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека покрај на телевизиите и видеата на барање, таа сега се однесува и на платформите за споделување видеа.

-Ревидираната Директива стапи во сила денес, а земјите членки на Унијата треба да ја имплементираат во своите национални законодавства најдоцна до 19 септември 2020 година. Како кандидат за членство во ЕУ, Република Македонија, има обврска својата легислатива да ја усогласи со европската, наведува АВМУ.

Најзначајните промени што се воведуваат се во насока на проширување на европските аудиовизуелни правила врз платформите за споделување видеа, за да се опфатат видеосодржините коишто ги генерираат самите корисници, а коишто ја обезбедуваат суштинската функционалност на сервисот.

Се предвидува воведување квота за европски аудиовизуелни дела за услугите видео на барање; зајакнување на принципот „земја на потекло“ – појаснување чии правила (на чија земја членка) се применуваат, при што тие важат и за медиумите и за давателите на услугите видео на барање; поголема заштита на малолетниците од штетни содржини на ТВ и на новите сервиси и платформите за споделување видеа; зајакнување на правилата против говорот на омраза, јавните провокации за извршување терористички напади, прекумерно насилство и порнографија, коишто, исто така, се однесуваат и на платформите за споделување видеа.

Исто така, со промените има поголема флексибилност во однос на телевизиското рекламирање, како и зајакнување на правилата за независноста на аудиовизуелните регулаторни тела.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март