Стано: Филе предупреди на претпазливост од големи очекувања од Самитот

Од:

За  грешката во преводот на   колумната во „Дневник” на еврокомесарот Филе и премиерот Груевски се огласи и портпаролот на Филе, Петер Стано.

Преглед а не ревизија на Охридскиот рамковен договор, треба да стои во колумната, појаснува Стано.

„Комесарот Филе и Груевски не напишаа дека се бара ревизија на Охридскито рамковен договор! Оригиналниот текст на заедничката колумна со македонскиот премиер вклучува реченица: „Владата започна ПРЕГЛЕД (н.з. „review” на англиски јазик) на Охридскиот рамковен договор. За несреќа, целата оваа прашина што се крена во Македонија во медиумите и општеството е базирана на несреќна грешка во преводот“, вели протпаролот Стано за МИА, посочувајќи дека колумната била напишана на англиски јазик.

„Не знам кој го преведувал текстот, но дефинитивно грешката е во преводот. Оригиналниот текст на Филе и Груевски има реченица „review” („преглед”) што го прави Владата од почетокот на летото, а се посочи и за време на Советот за асоцијација со Македонија на 24 јули годинава, каде ЕУ го поздрави фактот дека Владата подготвува, усвои и презема акциски извештај на Охридскито договор. Ова е несреќна грешка во преводот, при која е замената реченицата ”преглед” со “ревизија” („revision”)”, вели  Стано.

Според неко,  никој не бара ревизија на договорот! Охридскиот договор, вели,  останува база за организирање на општеството и на животот во вашата уникатна држава и уникатна конвивенција од две заедници, организирани во одржливо и стабилно општество.

Портпаролот на еврокомесарот негира  и дека Филе меѓу редови на прес-конференцијата во македонската Влада порачал дека во октомври ќе добиеме позитивен извештај за напредокот во евроинтегративните процеси. Според Стано, комесарот само посочил дека има „позитивно чувство” дека многу добри работи се направени во Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), кој ги храни резултатите од прогрес-извештајот на ЕК.

На прашањето дали доколку по четврти пат добие позитивна препорака за членство во ЕУ, Македонија треба да добие „зелено светло” и од Советот на Унијата, со оглед на тоа што е единствена земја што добива толку многу препораки, а е оставена пред портите на „големото европско друштво”, портпаролот на Филе вели дека во моментов, Европската комисија го финализира последниот извештај, кој ќе бил објективен, непристрасен и многу искрен.

„Комесарот Филе кажа дека е уверен дека нашите оценки ќе бидат позитивни. Но, тој извештај, подготвен од директоратот за проширување, но и од другите директорати, потоа треба да помине на Колеџот на комесари при ЕК, кој треба да ги одобри. Откако колеџот ќе го одобри извештајот, последната оценка, каква и да биде, ја дава Советот на земјите-членки на ЕУ“, рече Стано.

Според Петер Стано, во моментов се важни се две работи. – Не можеме на прејудицираме каква ќе биде одлуката одлука на ЕК и на земјите-членки во декември. Филе кажа во Скопје дека треба да се биде претпазлив во врска со големите очекувања, оти одлуките на Самитот во декември се политички. Сепак, земјите-членки на Унијата ги гледаат напорите што се прават во вашата држава и ако се испорачува имплементација на се она што се бара и се гледаат резултати, тогаш оценката на ЕК ќе биде позитивна, вели Стано.

 

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески